Search

Создаваме иднина со знаење

Знаењето и вештините кои ги нуди нашиот факултет овозможуваат создавање инженери соодветени да одговорат на потребите во индустријата.

Факултетот за туризам и бизнис логистика е конципиран врз база на студиските програми на водечките европски факултети за туризам, при што се користени и досегашните искуства во нашата земја.  Идните студенти ќе имаат можност да ги изучуваат туризмот и бизнис логистиката, гастрономијата, исхраната и диететиката.  Програмите се усогласени со принципите на Болоњската декларација, со воведување на Европскиот кредит-трансфер систем и современиот начин на организирање на наставата.

Речиси сите студенти во текот на своето образование на Факултетот за туризам и бизнис логистика ќе имаат можност практично да се сретнат со својата професија преку посета на најелитни туристички дестинации во земјава и во странство

 

Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на
високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.

Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус универзитетски и професионални студии.
Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може дасе запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во конкурсот.

Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.

Воспоставена соработка