Факултетот за туризам и бизнис логистика го реализираше четвртото издание на Меѓународниот студентски симпозиум, посветен на предизвиците на дигитализацијата.

- Четвртиот Меѓународен студентски симпозиум што го организира Факултетот за туризам и бизнис логистика претставува значајна платформа која веќе неколку години ги обединува младите истражувачи од земјава и од странство. Годинешната тема „Предизвиците во новиот свет на дигиталната ера – мултидисциплинарен пристап“ продолжува да ја истакнува потребата од интегрирање на знаењата од различни области и од промислување на улогата на дигитализацијата во современото општество.

Особено е важно што Симпозиумот и оваа година ги вклучува студентите од прв, втор и трет циклус студии, кои преку своите трудови, анализи и презентации даваат свежи идеи и истражувачки перспективи. Нивниот придонес ја засилува интернационализацијата и интердисциплинарната димензија на настанот и покажува дека младите имаат капацитет да размислуваат критички и да нудат решенија за актуелните глобални предизвици.

Нашата цел е преку ваквите настани да го поддржиме развојот на студентите, да го поттикнеме нивниот истражувачки дух и да овозможиме видливост и поврзување со академици и професионалци. Веруваме дека Симпозиумот претставува значаен чекор напред во градењето на генерации подготвени да дејствуваат во дигиталната ера и да придонесат за општеството – изјави деканката на ФТБЛ, проф. д-р Наташа Митева.

На отворањето на Симпозиумот се обрати и министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска.

 - Настани како овој ја потврдуваат посветеноста на академската заедница кон развојот на знаењето и критичката мисла, две вредности без кои нема напредок, ниту одговорен однос кон иднината. Јасно е дека со времената технологија, а особено вештачката интелигенција, во поново време е неразделен дел од секојдневието и буквално сите професии. Создава нови можности за напредок, но истовремено поставува и низа прашања на кои мораме одговорни да пристапиме. Не смееме да заборавиме дека технологијата е само алатка, а суштината е во тоа како ја користиме и со каква цел. Одговорност најмногу се очекува од младите, затоа што се најголеми носители на дигиталното знаење, но и оние кои први ги забележуваат неговите ограничувања. Затоа се потпираме на вас, да бидете креатори на нови решенија, што ќе го направат дигиталниот свет похуман, поетичен и посигурен за сите нас – рече министерката Јаневска пред студентите.

Идеен творец на овој Симпозиум е проф. д-р Татјана Бошков, поранешна деканка на ФТБЛ.

- На годинашниот, четврти по ред, Меѓународен студентски симпозиум темата ги опфаќа предизвиците во светот на дигиталната ера. Ова е мултидисциплинарен пристап, така што нашите студенти учествуваат со тематики од областа на економијата, бизнис логистиката, туризмот, културата, културното наследство... Ние едноставно се радуваме што оваа традиција продолжува, бидејќи сфативме дека студентите треба да разберат и треба да сакаат да се вклучуваат, да ја осознаваат дигитализацијата и дигиталната трансформација и сите оние придобивки кои ги имаат од истата. Јас верувам во моќта на студентите, верувам во нивната моќ да прават значајни промени, бидејќи тие промени треба, на крајот на денот, да го обликуваат светот многу подобро, да креираат свои цврсти ставови и еден предизвик којшто треба да го гледаат студентите, а тоа е учењето да не го разбираат само за да ги положат колоквиумите и испитите, туку тоа треба да го гледаат како можност да ги прави уште помоќни, да креираат цврсти ставови кои ќе се базираат на аргументи, коишто ќе им овозможи да донесуваат правилни одлуки. Овој настан дава една порака дека образованието е многу повеќе од курсеви, едноставно тоа е учење коешто овозможува љубопитност, кое ја храни љубопитноста, но овозможува раст, а се разбира и подобро разбирање меѓу нас изјави професорката Бошков.

Видео

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.