Факултетот за туризам и бизнис логистика е конципиран врз база на студиските програми на водечките европски факултети за туризам, при што се користени и досегашните искуства во нашата земја. Идите студенти ќе имаат можност да ги изучуваат туризмот и бизнис логистиката, гастрномијата, исхраната и диететиката. Програмите се усогласени со принципите на Болоњската декларација, со воведување на Европскиот кредит-трансфер систем и современиот начин на организирање на наставата.
Речиси сите студенти во текот на своето образование на Факултетот за туризам и бизнис логистика ќе имаат можност практично да се сретнат со својата професија преку посета на најелитни туристички дестинации во земјата и странство.
Правилници, барања и обрасци за студирање
- Образец за пријава за тема на магистерски-стручен труд
 - Барање за формирање на комисија за оценка и одбрана на магистерски/специјалистички труд
 - Барање за проверка на студентско досие
 - Општо барање
 - Уплатница со жиро сметки
 - Правилник - ЕКТС
 - За изработка на трудови
 - За прв циклус
 - За втор циклус
 - За трет циклус