-
Создадено: Вторник, 02 Декември 2025
На Пелагонските културно-научни средби, кои се одржаа на 29.11.2025 година во Новаци, на д-р Никола Димитров, редовен професор и поранешен декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, му беше доделена Повелба за животно дело.

Повелбата му е доделена од страна на Здружението „Пелагонски културно- научни средби“ при Општина Новаци за неговата алтруитивност, грижливост, достоинственост, исполнителност и професионалност во четиридецениската наставна и научна работа.
На Средбите, професорот Димитров со свои трудови учествува околу десетина години. На оваа јубилејна 25-годишнина на Пелагонски културно-научни средби презентираше и труд со наслов „Осумдесет години настава на литературен македонски јазик во Цапарско“.
Во прилог и неколку фотографии.
Искрени честитки од ФТБЛ!



