Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД – Штип, од наставните центри во Штип, Скопје и Гевгелија, кои овој семестар ги слушаат предметите Меѓународни односи и дипломатија и Меѓународни договори под менторство на проф. д-р Анета Стојановска-Стефанова, денес реализираа едукативна посета во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Студентите беа топло примени од страна на државната секретарка Елена Кузмановска, која одржа воведно обраќање на тема „Процес на креирање и спроведување на надворешната политика“. Г-ѓа Кузмановска сподели реални искуства од институционалното функционирање на дипломатијата и ги охрабри студентите активно да го следат развојот на меѓународните односи.

Студентите имаа можност да слушнат две значајни и инспиративни презентации. Првата од страна на г. Едвард Митевски, виш советник во Директоратот за мултилатерални односи на тема „Мултилатерална дипломатија и работа во меѓународните организации“. Господин Митевски им долови како се одвиваат процесите во мултилатералната арена, се осврна на членството во меѓународните организации и ја истакна важноста на меѓународната соработка.

Господин Крум Ефремов, директор на Директоратот за економска и јавна дипломатија, пред студентите говореше на тема „Улогата на економската и јавната дипломатија“. Господин Ефремов зборуваше за значењето на економската промоција, привлекувањето странски инвестиции, меѓународните партнерства и градењето позитивен имиџ на државата.

Посетата претставуваше извонредна можност студентите одблиску да се запознаат со практичната страна на дипломатијата и со комплексноста на надворешната политика.

Во интерактивна атмосфера, студентите поставуваа бројни прашања и покажаа исклучително големо интересирање за функционирањето на дипломатските процеси. Професорката Стојановска-Стефанова, која воедно е раководител на Катедрата за бизнис логистика на ФТБЛ, на крајот јавно се заблагодари за топлиот пречек од страна на Министерството и нагласи дека ваквиот тип на активности го збогатуваат наставниот процес и поттикнуваат развој на идни професионалци кои во иднина се очекува да придонесат во меѓународната соработка и претставувањето на нашата земја.

Двете страни изразија надеж за плодотворна соработка и во иднина, која ќе се прошири со нови едукативни средби и отворање на можноста за практикантство во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.