-
Создадено: Четврток, 15 Јули 2021
На 29.04.2021 година на платформата Microsoft Teams, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип го одржа третиот по ред вебинар на тема::”МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА, БАНКИТЕ И КРЕДИТНИТЕ ПАЗАРИ ВО КОВИД-19:СПРАВУВАЊЕ, ПОДДРШКА И ПОСЛЕДИЦИ”
Настанот го отворија проректорот за настава и студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип - проф.д-р Мишко Џидров и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика – проф.д-р Татјана Бошков, која воедно беше и модератор на настанот.
Почесни гости излагачи на оваа тема беа м-р Емилија Нацевска - вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонијa која даде осврт на монетарната политика во услови на пандемија, д-р Глигор Бишев – универзитетски професор и директор на Шпаркасе банка кој се фокусираше на поддршката на пост-ковид обновата од страна на финансискиот сектор и м-р Димитар Богов – поранешен гувернер на нашата централна банка кој се произнесе со анализа за глобалниот банкарски систем во услови на КОВИД-19.
Овој вебинар покажа особен интерес и посетеност, истовремено развивајќи дискусии за улогата и мерките на централните банки во справувањето со пандемијата и економската обнова, на кој начин банките ќе го подржат економскиот раст, кои мерки на носителите на економските политики би го потикнале кредитирањето на банките. Во делот на дискусијата се опфатија прашања за тоа колку растот на цените на одделните прехрамбенни производи и репроматеријали ќе се одрази на инфлацијата, како граѓаните ги менуваат навиките и повеќе ги користат дигиталните канали на плаќање, и се даде одговор кога се очеква новиот закон за платежни услуги и платни системи да стапи на сила. Секако, се дискутираше и за стабилноста на македонските банки како и најавувањето на период на висока инфлација.
Линк од настанот: https://www.youtube.com/watch?v=Hg-fzI8EVhY