Како резултат на појавата на КОВИД-19 во кинескиот град Вухан, во целиот свет се случи ситуација на социо-економска криза и психолошки потрес. Иако социјалните активности се ограничени во повеќето земји, скоро сите несуштински индивидуални движења беа забранети поради карантин, додека локалните болници примија одеднаш илјадници критично болни КОВИД-19 и беа принудени да ги спроведуваат своите протоколи за итни случаи.

Во овој контекст, општата популација, како и повеќето здравствени работници од првите редови станаа ранливи на емоционалното влијание на инфекцијата со КОВИД-19 заради пандемијата од една страна, но и поради нејзините последици ширум светот, од друга. Прогресивно се појавија многу психолошки проблеми и важни последици во однос на менталното здравје, вклучувајќи стрес, анксиозност, депресија, фрустрација, неизвесност за време на епидемијата.

Во насока на пројавените заеднички психолошки реакции поврзани со масовниот карантин, Факултетот за туризам и бизнис логистика на 19.03.2021 година го одржа вториот вебинар на тема: “Ковид, менталното здравје и “lockdown” стории:како да си помогнеме?”

Настанот го отворија проректорот за настава и студенти при  Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип - проф.д-р Мишко Џидров и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика – проф.д-р Татјана Бошков.

Почесни гости излагачи на оваа тема беа проф.д-р Александра Жежова која го анализираше влијанието на медиумите и дезинформациите во време на КОВИД 19: менталното здравје и општествените девијации, проф. д-р Мирослав Пендароски чиј осврт беше на психо-социјалните феномени на долготрајното себеоттуѓување и проф.д-р Елеонора Серафимовска која ги детектираше психолошките аспекти на пораките пренесени преку интерактивните медиуми за време на пандемијата.

Овој настан ги исполни очекувањата на слушателите преку:

  •  Детекција на влијанието на коронавирусот и долгиот период на заклучување и ограничувањата на нивоата на нашето секојдневно ментално здравје.
  • Како да ги препознаете клучните знаци на вознемиреност и лошо расположение ; техники базирани на докази за управување со тешки мисли и чувства што можат да доведат до вознемиреност и лошо расположение.
  • како можеме да практикуваме самосочувство како алатка за подобрување на нашето ментално здравје.
  • “носење дома” практичен пакет со идеи за да помогнете во зајакнување на расположението и одржување на добро ментално здравје.

Линк од настанот: https://www.youtube.com/watch?v=CKaSVOSAaFo

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.