Факултетот за туризам и бизнис логистика беше домаќин на првиот вебинар одржан на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип на тема: "Влијанието на КОВИД-19 врз економските движења: можности за инвестирање или време на поголема претпазливост?" кој се одржа на 05.03.2021 на платформата Microsoft Teams.

Вебинарот го отвори Проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти на Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип.

Почесни гости панелисти на настанот беа м-р Лазе Камчев - главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје, кој даде осврт на влијанието на Ковид кризата врз пазарите на капитал, д-р Зоран Колев, заменик директор на сектор за комерцијално банкарство – ТТК Банка АД Скопје и надворешен комисионер во Комисија за хартии од вредност, чие излагање беше насочено на влијанието на пандемијата врз берзанските случувања и проф.д-р Татјана Бошков - декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет “Гоце Делчев” – Штип, која ја анализираше динамиката на економскиот раст и финансискиот сектор во време на КОВИД-19 како и согледување на подобри изгледи за инвестирање или стратегии за спас.

Интересните излагања предизвикаа големо внимание и дискусија од страна на слушателите и предавачите кои дадоа свои видувања на основа на истражувањата и научените лекции од неодамнешните нарушувања на глобалната економија, во финансискиот сектор, пазарите на капитал. Дискусиите опфатија размислувања како да се справуваат економиите во такви ситуации, како да се ублажат економските влијанија од овие нарушувања преку утврдување на состојбата во нашата земја и изгледите за подобрување на меѓународно ниво.

Линк од настанот: https://www.youtube.com/watch?v=ewsLRSJ8Ziw

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.