-
Создадено: Четврток, 15 Јули 2021
Интересот за развојот на франкофонијата на УГД постои уште од неговото формирање.
УГД може да се гордее со многу истакнати франкофони, како на пример проф. д-р Емилија Јаневиќ која е надворешен дописен член на престижната Académie Nationale de Pharmacie. Ректорот проф. д-р Боев и проректорот проф. д-р Џидров со своите лични заложби овозможија оваа традиција да заживее уште поинтензивно.
Имено, благодарение на нив и на деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, минатиот семестар поголема група од околу триесет студенти започна да го изучува овој јазик, а наскоро се востанови и соработката со Универзитетот Пол Валери од Монпелие.
Проф. д-р Јован Костов, кој предава на катедрата за дидактика на француски јазик при Универзитетот Пол Валери од Монпелие, сметаше дека соработката би се продлабочила и преку испраќање на практиканти, па така од минатиот семeстар со нас е Ема Мињоки, студент на втор циклус на студии. Таа со студентите одржува дополнителни вежби на Факултетот за туризам и бизнис логистика, а дел од нејзината пракса се состои и во изработка на јазични вежби кои ќе бидат достапни на платформата е-учење.
Линк од интервјуто: https://www.youtube.com/watch?v=FXLGgyw2Mzw