-
Создадено: Среда, 19 Мај 2021
На 22 Септември 2021 година ќе се одржи XII-та по ред традиционална Туристичко – гастрономска изложба на алтенативни форми за развој на туризмот, во организација на Факултет за Туризам и Бизнис логистика – Гевгелија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, со коорганизација на Општина Гевгелија, која ќе се оджи online на платформата Microsoft Teams.
За таа цел ги повикувавме сите студенти од прв, втор и трет циклус на студии на Факултет за Туризам и Бизнис логистика, да земат учество во една или повеќе од активностите:
Подготовка на традиционални јадења од страна на студентите на ФТБЛ:
- Секој студент индидуално го подготвува избраното јадење;
- Да се достави листа на состојки за пиготвување на храната во посебен Word документ;
- Секој студент може да испрати само еден (1) видео запис;
- Потребно е во рок од најмногу 7 минути да се сними видео запис за целосната припрема, спремање, декорација и слично, за избраното традиционално јадење;
- Прифатливи формати за видео записот се .mov и .mp4.
Доставување најдоцна до 01 Август 2021 на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Фотографирање на традиционални јадења, стари предмети, објекти и друго во општина Гевгелија, од страна на студентите на ФТБЛ:
- Еден студент може да пријави најмногу до пет (5) фотографии;
- Форматот на фотографиите треба да биде JPG, а резолуцијата треба да биде минимум 1280×720 px.;
- Поднесителот на фотографијата, под целосна морална и кривична одговорност, потврдува дека е автор на фотографијата. Факултетот не одговара во случај на спор во однос на авторски права;
- Факултетот го задржува правото да не је прифати фотографијата, за која смета дека технички не ги задоволува минимум критериумите што ги одредува настанот.
Сите фотографии да се достават најдоцна до 01 Август 2021 на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Изработка на бизнис план за развој и унапредување на културниот туризам во општина Гевгелија од страна на студентите на ФТБЛ:
Бизнис планот треба да биде изработен индивидуално, напишан според следниве пропозиции:
- од 20 до 30 страници, со фонд Arial големина на карактери 12, формат А4
- Содржина
- Краток преглед
- Генерален опис на бизнис планот
- Производи и услуги
- Маркетинг план
- Оперативен план
- Менаџмент и организација
- Персонална финансиска пресметка
- Почетни трошоци и капитализација
- Финансиски план
- Прилози
- Преглед на планот
Сите Word документи да се достават најдоцна до 01 Aвгуст 2021, на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Учеството на сите заинтересирани ќе биде верификувано преку пополнување и испраќање на дадениот формулар заедно со избраната активност, на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..