Факултетот за туризам и бизнис логистика е домаќин на вебинар „Влијанието на ковид-19 врз економските движења: можности за инвестирање или време на поголема претпазливост?", кој ќе се одржи на 5.3.2021 од 11:30 до 13 часот, каде што ќе се анализира влијанието на ковид-19 врз економијата, можностите за инвестирање, пазарите на капитал.

За таа цел панелистите ќе дискутираат за научените лекции од неодамнешните нарушувања кај глобалната економија, во финансискиот сектор, пазарите на капитал, ќе ги идентификуваат истражувањата направени за справување во такви ситуации, ќе укажат како да се ублажат економските влијанија од овие нарушувања преку утврдување на состојбата во нашата земја и изгледите за подобрување на меѓународно ниво.   

Македонската економија и во 2021 година ќе биде условена од збир на меѓусебно поврзани случувања. Прво, тоа ќе биде под влијание на континуираното влијание на пандемијата и одговорот на економските мерки преземени во 2020 и 2021 година. Второ, тоа ќе зависи од пошироката економска стратегија на Владата - нејзината операционализација и можните ефекти врз економската реалност. Трето, таа ќе биде силно поврзана со глобалните, европските и регионалните економски трендови во 2021 година.

Затоа се очекува значаен одраз врз светската економија од страна на коронавирусот. Инвеститорите на светските берзи од почетокот на годината се обидуваат да ги проценат импликациите на оваа пандемија врз компаниите кои котираат на светските берзи. Соодветно на тоа, светските индекси забележаа значајни падови. Тоа значи дека цените на акциите на компаниите кои се дел од светските индекси се значајно пониски од нивото на кое беа на почетокот на годината.

На вебинарот се предвидени излагања на следниве учесници:

проф. д-р Мишко Џидров, проректор за наука и студенти, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип;
проф. д-р Зоран Колев, заменик-директор на сектор за Комерцијално банкарство – ТТК Банка АД Скопје и надворешен комисионер во Комисија за хартии од вредност, РС Македонија

    „2020 - Година на пандемија со COVID-19 и нејзино влијание врз берзанските случувања”;

    м-р Лазе Камчев, главен извршен директор на Генерали инвестментс АД Скопје, РС Македонија

    „Влијанието на Ковид-кризата врз пазарите на капитал”;

    проф. д-р Глигор Бишев, претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка, РС Македонија

    „Кривата на принос на хартиите од вредност”;

    проф. д-р Татјана Бошков, декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип

    „Динамиката на економскиот раст и финансискиот сектор во време на ковид-19: подобри изгледи за инвестирање или стратегии за спас?”

    Овој вебинар е прв од серијата предвидени на различни теми, кои ќе се организираат во наредниот период.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.