-
Создадено: Среда, 18 Ноември 2020
Проректорот за настава и студенти при Универзитетот „Гоце Делчев”, проф. д-р Мишко Џидров ја отвори третата по ред Меѓународна научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век” во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Поради пандемијата, Конференцијата се одржа на платформата Microsoft Teams. Оваа година, Меѓународниот програмски комитет го сочинуваа еминентни професори од нашата земја, но и од 15-тина земји од странство, како: Израел, Шпанија, Франција, Молдавија, Италија, Грција, Египет, Полска, Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија. Активно се вклучија повеќе од 90 учесници.
Во рамките на истата се организираше и панел-сесија на тема „Економските импликации на КОВИД-19: Каде бевме пред пандемијата? Каде сме сега и што понатаму?“/“The economic implications of COVID-19: Where were we before the pandemic? Where are we now and what next?“.
Панел-модератор беше деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика проф. д-р Татјана Бошков, додека гости панелисти беа:
- Господин Глигор Бишев, универзитетски професор, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе банка Македонија АД Скопје”.
- „Влијанието на пандемијата врз економските движења” Господин Питер Табак, извршен директор, водечки регионален економист за економија, политика и управување на Западен Балкан, потпретседател за политика и партнерства, Европската банка за обнова и развој
- “Economic outlook for the Western Balkans during and after the epidemic” Господин Милан Здравковиќ, извршен директор на операторот на дистрибутивниот систем во ЈП Србијагас, Белград, Србија
- "Supply of natural gas in COVID-19 conditions - experience and expectations" Господин Мишко Џидров, универзитетски професор и проректор за настава и студенти, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
- „УГД во време на пандемија” Госпоѓа Татјана Бошков, универзитетски професор и декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
- “The impact of coronavirus on global growth and global supply chain shifts”
Панел-дебатата овозможи размена на искуства, идентификација на предизвиците и перспективите, споредување на моделите и третирање на нивните недостатоци и/или предности, како и презентирање на можните нови комбинирани модели. Дискусиите ја детектираа состојбата на микроплан што се однесува на домашниот пазар од една страна, како и движењата на глобалната економија од друга страна, подготвувајќи ја бизнис заедницата за предизвиците со кои ќе се соочуваат при остварувањето на нивните цели, што де факто влијае врз одржувањето на финансиите, особено во времето кое го живееме под притисокот на пандемијата.
Со цел да одговориме на актуелните предизвици, потреби, приоритети, Конференцијата „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век” има мултидисциплинарен карактер, а под модераторство на продеканот за настава доц. д-р Наташа Митева во делот каде што се презентираа авторските теми придружени со плодотворни дискусии се оцени тековната состојба и идните изгледи за развој.
Организирање конференции и панел-дискусии чиј приоритет е препознавање на проблемите, предизвиците, нудење решенија и препораки за истите, од една страна, како и едукација на новите генерации како да се соочуваат со предизвиците на глобализацијата од друга страна, де факто се заеднички предизвици за универзитетите, бизнис заедницата, но и за централната и локалната власт.