-
Создадено: Понеделник, 01 Јуни 2020
Во услови на вонредна состојба и пандемија предизивикана од зарaзниот вирус Ковид-19, на 22.05.2020 на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД се одржа првата on line одбрана на дипломски труд на студентот Иван Максимовски.
Дипломскиот труд беше успешно одбранет на on line платформата Microsoft Teams.
Студентот Максимовски го презентираше трудот пред Комисијата за полагање на дипломски труд во состав: проф.д-р Зоран Темелков - претседател, проф.д-р Ивица Јосифовиќ-член и доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова – член.
Студентот Максимовски пред Комисијата го презентираше дипломскиот труд на тема “Улогата и функциите на јавната администрација во современото општество“.
Во своето излагање студентот поимовно го определи двокомпонентниот поим јавна администрација, презентирајќи ги функциите и посебните касификации на функциите на јавната администрација, реформата на администрацијата и улогата на администрацијата во современото општество.
Во заклучните согледувања беа претстави заклучоците до кои дошол во истражувањето и препораките за добро менаџирање, а со цел добро организирана и оптимизирана јавна администрација.
По кратки консултации, Комисијата за одбрана едногласно донесе одлука за резултатите од одбраната на трудот и јавната одбрана на кандидатот ја оцени со највисока оценка 10 (десет).
Првата on line одбрана на диоломски труд на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев“ - Штип, во услови на вонредна состојба помина одлично и се реализирше без никакви технички пречки.
За потребите на факултетската архива, јавната on line одбрана на платформата Microsoft Teams беше снимена.