Во периодот од 20-ти до 23-ти февруари 2020 год., студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираа четиридневна екскурзија до Белград.

Целта на оваа теренска настава во странство беше посета на Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој воедно е најголем и најпосетен саем од овој карактер во Источна Европа со 42 години традиција. На Саемот за туризам имаше бројни претставници од туристичката индустрија, како национални туристички организации, туристички агенции, хотели, угостителски објекти, спа центри, општини, занаетчии, факултети за туризам, производители на храна и пијалаци, производители на угостителска опрема и технологија од целиот свет и др.

На саемот се одржа и Меѓународна конференција за туризмот со еминентни предавачи од туристичкиот бизнис, каде учество зедоа и студенти од ФТБЛ. Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, покрај посетата на саемот за туризам направија и разглед на градот Белград со локални туристички водичи, а во програмата беа посетени: улицата Кнез Михајлова, Белградската тврдина, Калемегдан, стадионот на Црвена Ѕвезда, Дедиње, храмот „Св.Сава“ и др. Во рамките на теренската настава беше направена посета на хотелот „Хајат“ кој е еден од најпрестижните светски хотелски синџири, каде менаџерскиот тим на хотелот ги запозна студентите со технологијата на хотелското и ресторанското работење и дополнителните услуги кои ги предлага објектот. Студентите имаа организирано и посета на ноќните клубови (сплавови) во Белград како би се запознале со туристичката понуда за забава и ноќниот живот во градот. Исто така, посетен беше и трговскиот центар Ушче кој е најголемиот трговски центар во Белград и дел од понудата за шопинг туризам во градот.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.