-
Создадено: Петок, 27 Декември 2019
На 17 декември 2019 г. на Факултетот за туризам и бизнис логистика беше промовирана Стратегијата за развој на туризмот во општина Гевгелија 2019-2024.
Истата беше изработена од страна на општина Гевгелија во соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија. Во работата на Стратегијата учествуваа 12 професори и соработници на Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и студентите на овој факултет. Придобивките од една ваква стратегија се подеднакво значајни за општината и за факултетот, но и за бизнис заедницата, затоа што ако напишаното на хартија се имплементира во пракса, тоа ќе значи отворање на нови угостителски објекти, нови туристички капацитети и побарувачка на работна сила.
Изработката на Стратегијата започна во периодот од декември 2017 година и траеше заклучно со месец март 2019 година. За изработка на Стратегијата користени се податоци и параметри од директни истражувања кои за потребите на изработка на Стратегијата се реализираа во периодот од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година. Стратегијата за развој на туризмот во Општина Гевгелија за период од 2019 до 2024 година е целосен документ кој се состои од анализи, насоки и потребни активности за остварувања на визијата за Општина Гевгелија, како една од најразвиените туристички дестинации на подрачјето на нашата држава и поширокиот регион.