Согласно со Програмата за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2019 година, Министерството за економија објави Јавен повик за избор на најдобри бизнис идеи за туризам креирани од студенти на факултетите за туризам.

На 26.11.2019 г. во конференциската сала на Министерството за економија се одржа презентација и избор на трите најдобри бизнис идеи кои влегоа во потесниот избор од страна на Комисијата за евалуација и избор на најдобри бизнис идеи за туризам креирани од студенти на факултетите за туризам.

Осумте членови на Комисијата во состав: Арилинда Касапи и Беким Хаџиу – Министерство за економија; проф. д-р Симона Мартиноска – Факултет за туризам и угостителство, Универзитет „Св. Климент Охридски“; проф. Митко Бојаџиевски – Природно-математички факултет, Институт за географија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“; проф. д-р Дејан Методијески од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип - Факултет за туризам и бизнис логистика; доц. д-р Шехерезада Мурати – Економски факултет, Универзитет во Тетово; проф. д-р Сашо Граматниковски – Универзитет за туризам и менаџмент и Александар Ѓоргиевски – Државна агенција за поддршка и промоција на туризмот на Република Северна Македонија одлучија за најдобрите бизнис идеи кои добија признанија и парични награди, во вкупна вредност од 200.000 денари:

  1. Прва награда – „Ресторан Времеплов“, студенти Ивана Георгиева и Александар Нацов, Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип - 100.000 денари;
  2. Втора награда – „Ресторан за здрава храна“, студент Александра Жилеска, Факултет за туризам и угостителство, Универзитет „Св. Климент Охридски“, 60.000 денари;
  3. Трета награда – „Детски летен камп - Денкин“, студент Марија Денковска, Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип - 40.000 денари.

Раководителот на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија г. Беким Хаџиу во своето обраќање изјави дека Министерството за економија ќе продолжи со поддршка на проекти од ваков тип, кои овозможуваат мотивација на студентите кои имаат добри идеи за започнување на сопствен бизнис, со цел да се придонесе креативните идеи да се реализираат и да се развиваат во насока на подобрување на туризмот во земјава.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.