-
Создадено: Понеделник, 21 Октомври 2019
По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија во повеќе категории. На манифестацијата Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за особен придонес во туризмот.
Претставник од ФТБЛ на манифестацијата беше доц. д-р Оливер Филипоски на кого му беше врачено признанието.
ФТБЛ до сега учествува во многу стратегии за развој на туризмот во различни делови на Република Северна Македонија, а заедно со студентите се организатори на голем број настани кои резултираат со поголема видливост на туристичките капацитети и културното богатство на земјата.