-
Создадено: Четврток, 17 Октомври 2019
Студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа и освоија медали, пехар и признанија на Четвртиот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2019“, што се одржа во хотел „Ривиера“ во Охрид од 10 до 14 октомври 2019 г.
Врвни кулинарски шефови си ги одмерија силите во четири натпреварувачки дена - 10, 11, 12 и 13 октомври, во повеќе категории. Во исто време, во едукативниот дел, триесетина експерти и шефови на кујни одржаа повеќе мастер-класови.
Меѓународниот натпревар под универзалното знаме на гастрономијата ја обедини светската готвачка елита претставена од судии, натпреварувачи и гости од повеќе земји, под мотото Don'tworry, BeOhrid.
Студентите на УГД се натпреваруваа во повеќе категории и се закитија со неколку награди и признанија.
1. Андреј Јосифов
- Национално јадење на модерен начин - диплома (мерит)
- Избор на најдобар ресторан - бронзен медал
- Национално јадење на модерен начин - диплома (мерит)
2. Рената Трајчевска
- Национално јадење на модерен начин - диплома (мерит)
- Паста - сребрен медал
- Паста - диплома и пехар (гранд при)
3. Марија Џингарска
- Национално јадење на модерен начин - диплома (мерит)
- Јадење од пилешко месо - сребрен медал
- Национално јадење на модерен начин - диплома (мерит)
4. Магдалена Димитровска
- Модерно јадење - сребрен медал
- Јадење од риба - сребрен медал.