-
Создадено: Вторник, 01 Октомври 2019
Центарот за климатски промени во Гевгелија и Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија распишуваат Конкурс за студенти за доставување на бизнис идеи кои ќе го унапредат претприемништвото и ќе придонесат да се намали невработеноста во областите море, земјоделие, животна средина и информациски технологии.
Целта на Конкурсот е да се унапреди претприемништвото и да се намали невработеноста преку стимулирање на претприемничките способности кај младите.
Конкурсот се организира во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис во море, животна средина, земјоделие и ИТ во прекуграничниот регион“, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција.
Конкурсот се отвора на 5 октомври и трае до 20 октомври 2019 година.
За информации за Конкурсот заинтересираните можат да се обратат на следната е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 18 октомври 2019 година.
Апликацијата за конкурирање може да се најде на следниов линк: