-
Создадено: Четврток, 13 Јуни 2019
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја организираше Првата меѓународна конференција за рамномерен регионален развој во Југоисточен регион во Струмица.
На конференцијата беа дискутирани две теми: Практики и предизвици на Југоисточниот регион во областа на младите и образованието, инфраструктурата, мали и средни претпријатија и животна средина и Практики во областа на информатичко и комуникациските технологии, граѓанските организации и туризам.
М-р Цветанка Ристова од ФТБЛ учествуваше во панел и пленарната дискусија во темата Туризам и дискутираше за споделување практики и добри искуства од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика, како единствена високообразовна институција од областа на туризмот во Југоисточниот регион заедно со градоначалникот на Ново Село, г. Никола Андонов и градоначалникот на Дојран, г. Анго Ангов, кои придонесуваат кон рамномерен регионален развој и поттикнуваат соработка и вмрежување во регионот.
Темите кои беа опфатени на Меѓународната конференција со активно учество беа проследени од околу 150 учесници од земјава и од странство.
Оваа конференција се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ кој е финансиски поддржан од стрна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.