-
Создадено: Понеделник, 10 Јуни 2019
Како дел од Еразмус+ проектот „Mountain spirit – Strategic EVS for Nature Conservation”, Velebit Association Kuterevo и Vlahi Nature School го организираа семинарот „Mountain spirit – Volunteering for Nature Conservation”.
На семинарот, кој се одржа во Влахи, Р. Бугарија, како претставник на УГД и Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваше асистент м-р Цветанка Ристова. Главни теми кои се дискутираа на семинарот беа:
- Зачувување на природата и волонтерство - примери, потреби, предизвици, можности за соработка во иднина;
- Управување со волонтери - координација и менторство, потреби на волонтери и организации, конфликти и сл.;
- European Solidarity Corps, Erasmus+ и други можности за соработка;
- Mountain spirit project – анализа на 2018 година и повратни информации, како и можности за иднината.
М-р Цветанка Ристова на семинарот зборуваше за важноста што ја има туризмот во заштита на животната средина, односно за главните предизвици на сегашниот и идниот туризам и како да ги ограничи негативните влијанија што во многу случаи ги има врз природата. Пред сѐ, не само заради општото добро, туку и за одржување на туризмот во местото или локалитетот.
Во рамките на семинарот ги посетија националниот парк „Беласица“ и Камешнишкиот водопад, градот Мелник со селото Рожен, Роженскиот манастир и Мелнишките пирамиди.
На семинарот учествуваа 30 учесници од 18 држави: Австрија, Словачка, Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Косово, Хрватска, Северна Македонија, Латвија, Литванија, Полска, Бугарија, Турција, Србија, Унгарија, Шпанија и Италија.