-
Создадено: Среда, 29 Мај 2019
Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија организираше работилница на тема „Стратегија за развој на туризмот во Општина Гевгелија за период 2019-2024 година“.
Воведно обраќање и присуство на работилницата имаа деканот на ФТБЛ, проф. д-р Никола Димитров и градоначалникот на Општина Гевгелија, м-р Сашо Поцков. Работилницата беше раководена од страна на проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова и д-р Васко Шутаров. На работилницата беа поканети и активно учествуваа вработени и советници од Општина Гевгелија, професори од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски” во Гевгелија, НУ Музеј - Гевгелија, Хотел и казино „Аполонија”, Хотел и казино „Фламинго”, Хотел и казино „Принцез”, „Негорски бањи” - Гевгелија, Туристичка агенција „Путник“ - Гевгелија, претставници од медиумите во Гевгелија и студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.
Предлозите и идеите дадени од страна на учесниците во работилницата ќе бидат имплементирани во Стратегијата за развој на туризмот во Општина Гевгелија за период 2019-2024 година.