Во периодот од 9 мај до 14 мај 2019 година, асистент м-р Цветанка Ристова учествуваше на школата „Културното наследство на Дунавскиот регион“ во Нови Сад, Република Србија.

Со усвојувањето на „Стратегијата на ЕУ за Дунавскиот регион“ од Европската комисија во 2010 година, школите се резултат на работата на неколку институции, здруженија и активни поединци и истите претставуваат серии на школи, односно краткорочни студиски програми во различни дунавски градови кои активно се организираат од 2014 година. Школата во Нови Сад е првиот настан за оваа година од серијата на школи и истата е организирана од страна на Дунавскиот центар за истражување во Нови Сад, во партнерство со Европската дунавска академија во Германија.

Во рамките на школата во Нови Сад беа посетени: црквата „Име на Марија“, градската куќа, хотел „Војводина“, Плоштадот на слободата, Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, дунавскиот парк, историскиот архив на Нови Сад, галеријата на „Матица српска“, Музејот на Нови Сад, Петроварадинската тврдина и катакомбите. Исто така беше посетен и градот Сремски Карловци.

Учесници на Дунавската пролетна школа беа истражувачи од 11 земји: Велика Британија, Австрија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Република Северна Македонија, Бугарија, Русија и Украина.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.