-
Создадено: Понеделник, 06 Мај 2019
Како институционален партнер, Факултетот за туризам и бизнис логистика беше организатор на работна средба во рамки на RebResNet партнерството (Research Network on Resources Economics and Bioeconomy Association), која се одржа на 18 април 2019 година во Кампус 4 во Штип.
Покрај претставници од ФТБЛ, на состанокот присуствуваше и деканот на Факултетот за хотелски менаџмент и туризам во Врњачка Бања при Универзитетот во Крагуевац (Србија), Драго Цвијановиќ. Притоа, директорот и главен координатор на мрежата Жан-Василе Андреј (Романија) имаше излагање за најважните тековни и идни активности на мрежата, а беа дефинирани и полиња и теми од заеднички интерес во насока на развој на научни и проектни идеи со кои би се аплицирало во европски фондови.