-
Создадено: Понеделник, 22 Април 2019
Во изминатиот период Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираше теренска настава по предметот Туристичка географија. Учествуваа студенти од прва и од втора година од насоките Туризам (Штип и Скопје) и Гастрономија, исхрана и диететика (Штип и Скопје).
Во рамки на теренската настава студентите заедно со деканот, проф. д-р Никола В. Димитров, проф. д-р Златко Јаковлев и асистент м-р Цветанка Ристова ги посетија следниве локалитети: селото Старо Нагоричане – црква „Св. Ѓорѓи“, Меморијалниот центар на АСНОМ – Пелинце, селото Куклица - Камени кукли и посета и разглед на Кратово (саат кула, како и карактеристичните мостови и кули).