Факултетот за туризам и бизнис логистика по единаесетти пат успешно ја организираше традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Годинава изложбата се одржа во просториите на Наставниот центар на УГД во Гевгелија, а истовремено беше организиран и отворен ден за средношколците и за граѓаните на Гевгелија и регионот.

Покрај традиционалното презентирање на предмети карактеристични за регионот, како и јадења кои се препознатливи за Гевгелиско-дојранскиот регион, беа презентирани и Нацрт-стратегија за развој на туризмот, изработена од ФТБЛ, како и монографија „10 години Факултет за туризам и бизнис логистика“. Пред присутните беше прикажан видеоспот изработен од кадрите на ФТБЛ, кој ја претставува Гевгелија и можностите за туристички развој.

Денеска не само што ја одржуваме традиционалната изложба, туку и правиме промоција на Факултетот и на Универзитетот. Во претходните денови имавме посета на училиштата во регионот, но и денеска дојдоа голем дел ученици кои се наши потенцијални студенти. Имавме посебно промотивно катче, можеа да се видат признанијата и наградите кои досега ги имаат освоено нашите студенти, така што се надеваме дека голем дел од овие средношколци ќе станат наши студенти. На денешната изложба присуствуваа и градоначалниците на Гевгелија и на Дојран, со нив разговаравме за плановите за активности за градба на вториот дел од наставниот центар, да биде еден вистински едукативен центар, да се воспостави соработка и со Грција, така што мислам дека има перспективи за Факултетот за туризам и бизнис логистика овде во Гевгелија, како и во Штип и во Скопје – изјави деканот проф. д-р Никола Димитров.

 Нацрт-стратегијата за развој на туризмот ја презентираа доц. д-р Марија Магдинчева-Шопова и д-р Васко Шутаров, а монографијата „10 години Факултет за туризам и бизнис логистика“ деканот на ФТБЛ, проф. д-р Никола Димитров.

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.