-
Создадено: Понеделник, 18 Март 2019
Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ве поканува да учествувате со ваши трудови на II Меѓународна научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век“, која ќе се одржи на 13 септември 2019 г. во Штип.
Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни теми (современи трендови во туризмот, хотелиерство и гастрономија, маркетинг и промоција, туристички и хотелски менаџмент, картографија и просторно планирање, микроекономија и макроекономија, современи трендови во логистиката, бизнис, менаџмент, финансии, јавна администрација, жените и претприемништвото итн.).
Официјален јазик на Конференцијата е англискиот јазик.
Пријавувањето е во тек, а роковите и деталите ги има на следните линкови: