-
Создадено: Петок, 01 Март 2019
На 28 февруари студентите од прва и втора година од насоката Туризам во Гевгелија и од насоките Туризам, Гастрономија и исхрана и Хотелско-ресторанска во Штип на Факултетот за туризам и бизнис логистика имаа можност да реализираат теренска настава во Скопје.
Студентите преку оваа теренска настава имаа можност да ги посетат Државната агенција за промоција и поддршка на туризмот и хотелот „Мериот“.
Во новите простории на Државната агенција за промоција и поддршка на туризмот кои се наоѓаат во ГТЦ, директорот Љупчо Јаневски пред студентите ја презентираше дејноста на Агенцијата и нејзината улога во промоцијата на туризмот, како и креирањето на туристичката политика во земјата. Студентите имаа можност да се запознаат со улогата и придонесот што оваа Агенција ги има во развојот на туризмот во земјава, како и да постават прашања во однос на дејноста на Агенцијата. Студентите добија и пакет промотивни материјали за нашата земја кои се создадени од страна на Агенцијата.
По посетата на Агенцијата, студентите имаа можност да го разгледаат хотелот „Мериот“ и да се запознаат со хотелското работење и начинот на функционирање на хотели од познати светски брендови и хотелски синџири. Разгледот на хотел „Мериот“ за студентите беше направен од страна на Александра Митрова, менаџер на продажби во овој хотел. Покрај презентацијата на хотелските капацитети, тие ги посетија и ресторанскиот дел, конференциските сали и претседателскиот апартман. Студентите добија информации „од прва рака“ кои се однесуваат на комуницирањето и работењето со странски туристи и гости.
Теренската настава беше организирана од страна на проф. д-р Дејан Методијески, поврзана со предметите Туристичка политика и Хотелиерство.