-
Создадено: Среда, 19 Декември 2018
Факултетот за туризам и бизнис логистика, во соработка со Фондацијата „Аполонија“, на 17 и 18 декември во Пионерски дом во Гевгелија организираше Хуманитарен новогодишен базар, со цел собирање средства за програмата „Дејвид ван дер Веге – социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гевгелија“.
На овој добротворен настан, студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со вон. проф. Марија Магдинчева-Шопова, ас. докторанд м-р Цветанка Ристова и демонстратор Магдалена Мицева приготвија за продажба слатки и домашни специјалититети.
Хуманитарниот новогодишен базар се организира по втор пат.