-
Создадено: Понеделник, 03 Декември 2018
Деканот на ФТБЛ, проф. д-р Никола Димитров, и професорите д-р Златко Јаковлев, д-р Цане Котески, д-р Мимоза Серафимова и д-р Марија Магдинчева-Шопова на 23 и 24 ноември учествуваа на Меѓународната научна конференција „Geography, regional development and tourism“ во Шумен, Република Бугарија. Деканот и професорите од Факултетот за туризам и бизнис логистика на Конференцијата се претставија со свои научни трудови.
Конференцијата беше во организација на Шуменски универзитет „Епископ Константин Преславски“, Катедра за географија, регионален развој и туризам.
На Меѓународната конференција учествуваа околу 60 научни работници од пет држави. На Конференцијата се воспоставени повеќе контакти за соработка со неколку странски универзитети и факултети. Факултативно беа посетени: Мадарско плато со познатиот Мадарски конник (заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство) и Шуменско плато (природен парк со познатиот споменик „1300 години Бугарска држава“).