-
Создадено: Четврток, 15 Ноември 2018
Проф. д-р Никола Димитров, декан на ФТБЛ, учестуваше на Меѓународната конференција „The Balkan Peninsula of Jovan Cvijić: Historical Background and Contemporary Trends in Human Geography“, која се одржа во Тршиќ, Општина Лозница, Република Србија.
Конференцијата беше во организација на Институтот за географија „Јован Цвијиќ“ при Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Белград, Република Србија.
Проф. д-р Никола Димитров се претстави со трудот „The territory of the Republic of Macedonia in the book Balkan Paninsula and the South Slavic countries on Jovan Cvijić (1918-2018)“.
На Меѓународната конференцијата учестуваа 60 научни работници од 10 држави.
На последниот ден од конференцијата беше организирана и факултативна екскурзија на релација Манастир Троноша - Бања Ковиљаќа - Лозница - Музеј Јадар.