-
Создадено: Петок, 26 Октомври 2018
Асистент-докторанд м-р Цветанка Ристова и студентката на втор циклус студии и волонтер на ФТБЛ Магдалена Мицева во периодот од 4 до 5 октомври 2018 година учествуваа на 5. Меѓународен конгрес организиран од Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.
Темата на конгресот оваа година беше “Investing inYouth for a Sustainable Future”, каде што Ристова и Мицева се претставија со труд со наслов “Rethinking education – Shaping the youth's as the leaders of the future in the hospitality business sector”. Конгресот беше посетен од 135 учесници од 40 земји. Генерален спонзор и официјален партнер на конгресот е Културен центар Ататурк.