-
Создадено: Петок, 26 Октомври 2018
Во периодот од 17 до 18 октомври 2018 година, ас. докторанд м-р Цветанка Ристова учествуваше на IX Регионален форум за спа и велнес индустрија, поддржан од ЦЕИ (Централна европска иницијатива) во Врњачка Бања, Србија.
Врњачка Бања е членка на иницијатива Римски бањи Европа, деветта под ред и единствена во земјите кои не се членки на Европска Унија.
Главна тема на форумот беше: Како да се креира автентична бањска понуда заснована на културно и историско наследство во регионот, со фокус на римска и отоманска спа култура.
Предавањата се фокусираа на:
- Туристички производ основан на римска спа традиција,
- Примери од пракса,
- Работилница на тема: Спа менаџмент и
- Туристички производ основан на отоманска спа традиција.
- Репутацијата на велнес туристичките дестинации зависи од природното и културното наследство, автентичноста и квалитетот на понудата. Тоа се ресурсите кои ја сочинуваат основата на конкурентноста на велнес туристички дестинации и креирањето на автентичен велнес туристички производ – изјави г-ѓа Наташа Ранитович, претседател на Велнес кластер Србија, амбасадор на Светски велнес ден во Србија и експерт и консултант Европска спа асоцијација во Србија за стандард и квалитет во велнес.
Форумот беше посетен од експерти и професионалци од здравствениот, спа и велнес туризмот во Србија и пошироко од вкупно 10 земји.
Настанот беше организиран од Велнес кластер Србија, со поддршка од Министерството за трговија, туризам и комуникации и TIKA.