Шест студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа и освоија медали, пехар и признанија на Третиот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2018“, што се одржа од 8 до 12 октомври во хотел „Вила парк“ во Струмица.

Врвни кулинарски шефови си ги одмерија силите во четири натпреварувачки дена - 8, 9, 10 и 11 октомври, во повеќе од 30 категории, поделени во четири сегменти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и од зеленчук), приготвување пица и десерти. Во исто време, во едукативниот дел, триесетина експерти и шефови на кујни одржаа повеќе мастер-класови.

Меѓународниот натпревар под универзалното знаме на гастрономијата ја обедини светската готвачка елита претставена од судии, натпреварувачи и гости од триесетина земји, како: Португалија, Русија, Италија, Украина, Чешка, Велика Британија, Албанија, Косово, Полска, САД, Канада, Романија, Бугарија, Кипар, Турција, Србија, Грузија, Узбекистан, Азербејџан, Хрватска, Монголија, Израел и секако од Македонија.

Студентите на УГД се натпреваруваа во повеќе категории: национално јадење на модерен начин, интернационален тим до 25 години, пилешко и ресторански десерт.

Тие освоија пехар и единаесет медали во различни конкуренции:

  • Александар Нацов, национално јадење на модерен начин – Бронзен медал и најдобар интернационален тим до 25 години – Бронзен медал;
  • Кристијан Мијалковски, национално јадење на модерен начин – Сребрен медал и најдобар интернационален тим до 25 години – Бронзен медал;
  • Ивана Ѓоргиева, национално јадење на модерен начин – Бронзен медал; пилешко месо – Сребрен медал; ресторански десерт – Бронзен медал и најдобар интернационален тим до 25 години – Бронзен медал;
  • Марија Денковска, модерно јадење – Мерит;
  • Александар Неделковски, ресторански десерт – Бронзен медал;
  • Марија Џингарска, национално јадење на модерен начин – Мерит и пилешко месо – Сребрен медал.

 


Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.