-
Создадено: Понеделник, 03 Септември 2018
Студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика - Гевгелија, од насоките Туризам, Бизнис логистика и Бизнис администрaција, традиционално учествуваа нa 12. манифестација „Смоквијада 2018“, која се одржа на 1.9.2018 година.
На „Смоквијада 2018“ студентите од ФТБЛ - Гевгелија имаа подготвено различни видови специјалитети од смокви автентични за регионот, кои посетителите на манифестацијата имаа можност да ги вкусат или купат. Финансиските средства од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.