На  12 декември 2024 г. пред студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, Наставен центар – Скопје, се одржа предавање  на тема „Успешноста во водење приватен бизнис - Препреки и замки на патот кон ’Прима’“.

Предавањето го одржи г. Божидар Ивановски, претприемач, сопственик и управител на компанијата  „Аква бар“. „Аква бар“ е компанија која е присутна на пазарот повеќе години. Таа е застапник и ексклузивен дистрибутер за Македонија на диспанзери за вода и галони за вода (19 литри и 10 литри) и на флаширана негазирана и газирана вода, која е и нејзина главна дејност. „Аква бар“ е успешна компанија во Македонија водена со јасна визија за иднината. Успешноста на компанијата се должи на едуциран и инвентивен кадар, активен мониторинг, следење на нови маркетинг трендови, нови технолошки решенија, иновација и постојана едукација на вработените.

За г. Ивановски водењето сопствен бизнис е предизвикувачко патување. Неговиот пат до успехот често е обележан со обиди и грешки, но пред сѐ со учење, упорност и страст, како движечка сила зад успешен бизнис. Страста поттикнува упорност, креативност и способност за надминување на пречките. Неговите  собрани лекции низ работните ангажмани помогнале во градење на просперитетен бизнис.

Посетата е во рамките на наставната програма по предметите Основи на маркетинг и Примена на методи и техники во системи кај проф. д-р Елизабета Митрева.

 

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.