Факултетот за туризам и бизнис логистика одржа Научно-стручен собир на тема „Дигитална трансформација и зелена економија: Одржливост и одговорност кон Европскиот зелен договор“.

Дебатата на Научниот собир се реализираше на три панели:

 

Улогата на дигитализацијата во поттикнувањето на зелен раст: перспективите во циркуларната економија, Зелена агенда: визијата за одржливи економии – поттикнување на зелен раст и енергетската ефикасност и Зелен туризам и зелените финансии како катализатор за економски раст.

„Како факултет имаме одлично искуство во оваа област, а ќе ги потенцирам последните два проекта. Едниот е Циркуларната економија – приоритет број еден за ЕУ, Жан Моне проект кој заврши минатата година, а од 5 мај годинава ни започна нов проект во чиј фокус е циркуларната економија и енергетската ефикасност. Тргнувајќи од нашиот интерес, но и придонес во областа на циркуларната економија и Зелената агенда преку проекти, преку истражувања и публикации, впрочем како што е и овој денешен собир, нашата цел е јасна – да ја поттикнеме зелената трансформација на Западен Балкан преку ефикасно олеснување на спроведувањето ма акцискиот план на Зелената агенда за Западен Балкан 2021 – 2030 година на регионално ниво. Со одобрувањето на генералниот договор на овој акциски план во 2020 година, всушност, регионот се обврза да се усогласи со амбицијата на европскиот зелен договор за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година. Она што денес сакаме да го испратиме како цели или таргет од нашиот собир, се неколку поенти: усогласување на Западен Балкан со амбицијата на ЕУ во 2050 година да ја направи Европа континент без јаглерод; да се искористи потенцијалот на кружната економија; борба против загадувањето на воздухот, водата, почвата; промовирање на одржливи методи за производство и снабдување со храна; искористување на огромниот туристички потенцијал во регионот, фокусирајќи се на заштитата на биолошката разновидност, како и обновување на екосистемите“, изјави проф. д-р Татјана Бошков, декан на ФТБЛ на отворањето на Научно-стручниот собир.

Гостин и учесник на собирот беше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ја потенцираше улогата на дигитализацијата во процесот на обезбедување на климатска неутралност.

„Дигиталната трансформација е нешто повеќе од тренд, нешто повеќе од алатка сама за себе. Таа треба да биде клучен двигател за создавање на одржливо општество. Замислете ја како помош, како драјвер, како една поддршка на сите процеси коишто се во општеството, не само како процес сам за себе, туку процес за сите нас – како граѓани, како бизнис сектор, како наука. Не треба да се разбира како задача сама за себе или дигитализирање затоа што е тренд, туку затоа што така ќе живееме подобро како луѓе, ќе функционираме подобро како бизнис сектор и, секако, како општество. Преку технологијата можеме да оптимизираме ресурси, да намалиме отпад, да градиме циркуларни економски модели, едноставно, да си помогнеме. Затоа паметните мрежи, дигитализираното производство, анализирањето на големи податоци ни овозможуваат не само ефикасност, туку и значителен напредок кон климатска неутралност. Од друга страна, зелената економија претставува одговор на итната потреба за трансформација на традиционалните модели за развој. Таа го отвора патот кон економски раст кој не ги исцрпува природните ресурси, туку ја засилува еколошката одржливост и социјалната инклузивност“ – рече министерот Андоновски.

На Научниот собир учествуваа и проректорот за настава и студенти на УГД, проф. д-р Мишко Џидров,  м-р Трајан Ангеловски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, како и проф. д-р Наташа Митева, продеканка на ФТБЛ.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.