-
Создадено: Среда, 20 Ноември 2024
На 14 ноември 2024 година, проф. д-р Тања Ангелкова Петкова и доц. д-р Цветанка Ристова Магловска ја имаа можноста да присуствуваат на работилницата со тема: „Преку културното наследство до развој на туризмот", организирана од Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за култура и туризам.
Работилницата се организираше како дел од активностите на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот Регион (ЕУСАИР) во Република Северна Македонија“, со фокус на столб 4 - Одржлив туризам. Присутните имаа можност да се запознаат со макро-регионалната стратегија и активностите кои се спроведуваат во рамки на стратегијата, но и со активностите кои се спроведуваат на национално ниво.
На работилницата присуствуваа различни чинители, како претставници од министерствата, националните установи, единиците на локалната самоуправа, бизнис - секторот, музеите, образовните и истражувачките центри, граѓанскиот сектор и меѓународните финансиски институции.