-
Создадено: Четврток, 24 Октомври 2024
По повод Октомври – месец на штедењето, Факултетот за туризам и бизнис логистика во соработка со Прокредит банка организираа предавање и работилница на тема „Tips&Tricks за квалитетни финансиски навики“.
Корисни совети, знаења, како да одбереме најсоодветни банкарски производи согласно со намената, како полесно и побрзо да носиме правилни финансиски одлуки, промотивни понуди, беа само дел од третираните прашања во предавањето на м-р Михаил Огненовски од Прокредит банка.
Во делот на работилницата со студентите и интерактивната комуникација со нив беше можност истите да добијат награди и бесплатни банкарски услуги од страна на Прокредит банка. Предавањето и работилницата се целно организирани за група предмети кои присутните студенти ги слушаат тековно кај проф. д-р Татјана Бошков, проф. д-р Зоран Темелков и проф. д-р Наташа Митева.