-
Создадено: Среда, 16 Октомври 2024
Во продолжение на успешната соработка меѓу ФТБЛ и СУГС „Лазар Танев“, учениците од IV година имаа можност да слушаат предавање од област национална гастрономија.
Освен новите стручни термини и знаења, учениците се запознаа и со професорите кои предаваат на студиските програми Туризам и угостителство и Хотелско-ресторански менаџмент, со новите трендови во оваа индустрија, но и да го почувствуваат факултетскиот предизвик на Факултетот за туризам и бизнис логистика!