Факултетот за туризам и бизнис логистика беше дел од манифестациите „Интерфест фуд“ и „Тортијада“, одржани на 12.10.2024 г. во Центарот „Веро“ во Скопје.

Оваа година манифестацијата беше збогатена со повеќе сегменти како натпревар на торти, пица шампионат, национална кујна и војничко гравче, како и натпревар во брзо јадење, блекбокс, едукативни работилници. 

Деканката проф. д-р Татјана Бошков, проф. д-р Небојша Вуковиќ, раководителката на Катедрата за туризам, проф. д-р Душица Попова и продеканката проф. д-р Наташа Митева ги организираа студентите од насоките Туризам и угостителство и Хотелско-ресторански менаџмент да учествуваат на оваа традиционална манифестација. Освен нашите студенти, особено задоволство беше да се видат во натпреварувачки дух дипломци на ФТБЛ од областа на туризмот и угостителството кои градат успешни кариери во овој сектор. На овој настан учествуваа натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија. Сѐ што беше приготвено за манифестацијата имаше хуманитарна намена. 

Овогодишното издание е целосно во организација на Федерацијата на угостителско-туристички средни училишта – ФУТУ, каде што Факултетот за туризам и бизнис логистика и СУГС „Лазар Танев“ се дел од основачите на ФУТУ, Хуманитарната организација „Ангелчиња“, Центарот „Веро“, Академијата за пица мајстори – Accademia Pizzaioli. 

Покрај ревијалниот дел, програмата со натпреварување, доделување награда за животно дело и благодарници за сите учесници и победници, официјално имаше примопредавање и преземање на организацијата од наредната година во рацете на Федерацијата на угостителско-туристички средни училишта, со што ќе се зајакнува меѓународниот карактер и видливоста на оваа манифестација.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.