-
Создадено: Понеделник, 23 Септември 2024
Како институции соработници ФТБЛ ја имаше честа во периодот од 20 до 22 септември да биде дел од 13. Меѓународна научна конференција на тема „Economy, Business & Society in Digitalized Environment 2024“ на Економскиот факултет во Прилеп, којашто опфаќа теми поврзани со дигиталната трансформација на економијата и бизнисот.
Деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, продеканката на ФТБЛ, проф. д-р Наташа Митева и раководителот на Катедрата за бизнис администрација во рамките на ФТБЛ, проф. д-р Душко Јошески, учествуваа со трудот „Kantanian Economics, Impure Altruism, Berge Equilibrium, Arrow – Lind Principle with Linear – Cost Equilibrium“.
Проф. д-р Јошески во својата елаборација укажа дека трудот ја анализира и естимира соработката наспроти конкурентноста во економијата како начини за максимизирање на корисноста на економските агенти. Како што Ариел Рубинштајн одговори на прашањето кој еквилибриум е подобар: Кант или Неш? и нашиот труд потврди дека Неш е пошироко и поразумно решение иако Кант еквилибриумот наоѓа примена во одредени случаи.