-
Создадено: Петок, 06 Септември 2024
По покана на Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“ и основачката Ана Дукоска, деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков имаше чест да биде дел од Третата глобална женска лидерска конференција, која се одржа на 31 август и 1 септември.
Здружението и ФТБЛ се меморандум потписнички, а зад себе ја имаат соработката со Женскиот економски форум, каде за првпат Факултетот се вклучи како коорганизатор. Оваа конференција беше со богата програмска содржина и одлична можност за запознавање на успешни жени Македонки во здравството, во нетипични професии, во спортот и во странство. Какви се нивните професии и дали како жени на лидерски позиции и успешни приказни се соочуваат со предрасуди, можете да слушнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=OL_TujAzXhg&t=3s