-
Создадено: Среда, 26 Јуни 2024
Факултетот за туризам и бизнис логистика ја имаше честа да биде поканет на етноперформанс на етнокореолошката дејност при ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, насловен „Од пастел, облекло“.
Презентација на дел од облековната традиција на носии од повеќе етнички предели, како и етнолошки предмети и реквизити од некогашното секојдневие на луѓето. Со живи скулптури, во поинакво светло, девојки облечени во традиционални носии, ги прошетаа присутните на невообичаено патување низ минатото на современ начин.
Посебна благодарност и честитки за колегата доц. м-р Силвестер Проле од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија – УГД.