-
Создадено: Петок, 07 Јуни 2024
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп во насока на поддршка на развојни проекти за унапредување на туризмот, културното наследство, археологијата, историја на уметност, културата, образованието, на 4 јуни 2024 г. во просториите на Институтот потпишаа Меморандум за соработка.
Деканката на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, заедно со директорот на ЈНУ Институт за старословенска култура, проф. д-р Александар Василески, го посетија Музејот за тутун во рамките на овој настан. Овој Музеј важи за уникатен на Балканот, а кустосот Александар Цветкоски ги претстави експонатите, почнувајќи од најстариот кој датира од II век пред наша ера, мариовската луличка, како и останати 4200 експонати кои раскажуваат приказни за славни принцези, кралеви, султани, славни личности, актери.