-
Создадено: Среда, 05 Јуни 2024
Од 31 мај до 1 јуни во Врњачка Бања, Република Србија, во организација на Факултет за хотелиерство и туризам - Врњачка Бања, Србија, Универзитет во Крагуевац, се одржа 8. Меѓународна научна конференција која носи наслов „Tourism and Green Investments".
На оваа Конференција со свои трудови учествуваа и претставници на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Во научниот труд со наслов „Policies and Challenges in The Transformation of Green Enterprises” од авторите проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова и доц. д-р Анета Стојановска-Стефанова е даден приказ на актуелните предизвици со кои се соочуваат претпријатија од областа на туризмот, предизвикани од последиците на влијанието на климатските промени, економската и енергетска криза и можностите за практикување на „зелени политики” кои придонесуваат за трансформација во т.н. зелени претпријатија.
Во трудот се дадени насоки и препораки за овозможување на одржливост на бизнисите во туризмот со истакнување на важноста на зелените политики преку кои се „озеленуваат” бизнис активностите и претпријатијата се трансформираат во т.н. „зелени” претприемачки претпријатија.
На Конференцијата, освен од нашата држава, учествуваа претставници од универзитетите во Република Србија, Република Црна Гора, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Турција, Народна Република Кина и други земји. Трудовите ќе бидат публикувани во Зборник на трудови „Tourism International Scientific Conference 2024, Tourism and Green Investments".