-
Создадено: Вторник, 28 Мај 2024
Факултетот за туризам и бизнис логистика претставуван од деканката проф. д-р Татјана Бошков, по покана на „Македонија 2025“ беше дел од нивниот Самит кој се одржа по десетти пат во Скопје.
Ова беше можност да се биде дел од настан каде што учествуваат преку 25 врвни говорници и 400 учесници, со елаборација на последните светски бизнис трендови, вмрежување со исклучителни професионалци, остварување нови партнерства.
На Самитот, исто така, се презентираа најновите достигнувања, трендови, вештини и клучните двигатели на развојот во светот како кружната економија, регионалните успешни приказни и младите таленти низ објективот на дигитализацијата.