Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, на 17 мај ја одржа седмата по ред Меѓународна научна конференција „Предизвизиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“ во Порта Македонија, Скопје.

Во рамките на Конференцијата се одржа панел-дискусија на тема „Глобалната динамика и можностите за поттикнување на економскиот раст: преглед на состојбите во бизнисот, културата, културното наследство и туризмот. Оваа панел-дискусија се реализираше во три секции – бизнис и економија, култура и културно наследство и туризам. Последниот дел беше посветен на презентација на авторските трудови пристигнати на конференцискиот јавен повик.

Поздравни обраќања имаа деканката на Факултетот за туризам и бизнис, проф. д-р Татјана Бошков, проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров, г-ѓа Станка Петковска, претставничка на Министерството за образование и наука, г. Сашо Клековски познат аналитичар и консултант и г-ѓа Габриела Кулебанова, претседателка на Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора.

Факултетот за туризам и бизнис логистика преку ваквите конференции успешно го поврзува и усогласува високото образование со современите барања на економијата и општеството, држејќи чекор со сите важни достигнувања. Детектирајќи ги состојбите успеваме да се движиме на вистинската траекторија во овој динамичен свет. Опфатените панел-дискусии ќе ни овозможат да ги правиме потребните приспособувања денес, олеснувајќи ја нашата транзиција кон многу поинакво работно место утре. Мислам дека ова цунами на промени ќе има длабоки ефекти врз начинот на кој ги образуваме нашите студенти за работни места кои сè уште не постојат, ќе мора да ги усовршуваме постоечките работни сили, бидејќи овој период покажавме свесност за потребата да се движиме напред кон попродуктивна, поефикасна и правична економска иднина за сите. А, неуспехот да се оствари ова ризикува социо-економски хаос. Затоа сметам дека во свет кој се карактеризира со глад, еколошки катастрофи, дезинформации, сајбер пиратерија, непредвидени и невидени фискални, политички и дипломатски предизвици, потребата за правично споделување на критичните интелектуални ресурси е поголема од кога било“, истакна проф. д-р Татјана Бошков, деканка на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Според проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров, Конференцијата е дел од обврската и улогата на Универзитетот и академската заедница да ги истражат и анализираат предизвиците.

Ние треба да ги истражиме и анализираме предизвиците, да создадеме стратегија и решенија кои ќе ги поддржат туристичките и логистичките сектори во нивното справување со овие предизвици, истовремено стимулирајќи иновации и развој на нашата економија и заедница. Оваа седма Меѓународна научна конференција има големо значење за академската, бизнис и општествената заедница. Овде ги истражуваме најновите трендови, ги гледаме предизвиците и можностите, и се здобиваме со нови знаења и вештини, нови погледи и идеи. Овој настан е платформа за размена на искуства и најдобри практики помеѓу студентите, професорите, истражувачите и професионалците од областите. Да не ја заборавиме и важноста на вмрежувањето помеѓу вас и соработката која ќе продуцира и ќе даде соодветен придонес за иновациите и развојот во секторите на туризмот и логистиката. Во крајна линија, овој настан го поттикнува дијалогот и иновациите што ни помагаат да овозможиме раст и развој во туризмот и во логистиката во 21 век“, изјави проректорот Џидров.

На свеченото отворање како претставник на Министерството за образование и наука се обрати Станка Петковска, која изјави дека оваа Конференција има големо значење за развој на туризмот, економијата и воопшто на науката во државата.

Државата има клучна улога за поттикнување, развој и помагање на науката, иновациите и технолошкиот развој.  Многу векови наназад, визионерите и вистинските светски лидери констатирале дека вложувањето во науката не е трошок. Тоа е инвестиција за идниот развој на државата. Министерството за образование и наука е надлежна институција за креирање на соодветни политики и преземање на мерки за развој на науката и иновациите, но исто така е одговорна институција за финансирање на науката и унапредувањето на меѓународната соработка. Во таа насока, буџетот за оваа намена е зголемен, но мора да сме реални и да кажеме дека тоа не е доволно. Вкупното вложување во науката на национално ниво изнесува 0,4 % од БДП и споредено со европските земји е на ниско ниво. Вложувањата во научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет, како од државата така и од бизнис секторот“, изјави Петковска.

 

„Причините за проблемите со продуктивноста лежат во ниската конкурентност и дефицит на кадри. Затоа ваквите конференции се особено значајни да ги слушнеме потребите на образованието, на студентите, но и тие да ги слушнат потребите на реалниот пазар и согласно со тоа постојано да прават промени и да бидат адаптивни. Важно е студентите за време на студирањето да имаат можност за вистинска пракса, нивно оспособување за пазарот на труд, како и отвореност на бизнис секторот за овие најмлади кои имаат потреба теоријата да ја надградат со најновите техничко-технолошки промени, со цел да се зголеми продуктивноста и економскиот раст и развој...“, потенцираше г-ѓа Кулебанова.

Господинот Сашо Клековски во својот поздравен говор оддаде почит и поддршка за одржувањето на вакви настани, каде што сите чинители ќе имаат можност да ги произнесат своите видувања, потреби и можни решенија:

„Ваквите формати во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика придонесува за спојување на сите стожери во општеството. Новата власт ќе овозможи просперитет за сите области кои денес ќе се елаборираат на Конференцијата. Туризмот, гастрономијата, културата се особено клучни за Македонија, така што во периодот кој следи ќе им се посветува големо внимание и поддршка преку бројни проекти токму заради значајноста и импактот што го даваат воопшто за една економија, што е и случај со Македонија, земја која има неискористени капацитети во овие сектори.“

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.