-
Создадено: Вторник, 30 Април 2024
Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД, проф. д-р Татјана Бошков и продеканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска остварија средба со двајца професори од Полска: проф. д-р Јустина Багинска од Универзитет за применети науки во Зелена Гора и проф. д-р Павел Пиепјора од Универзитет во Вроцлав.
На средбата се разговараше за интердисциплинарна соработка помеѓу факултетите, за идни заеднички проекти, размена на рецензенти и уредништво на меѓународни списанија со фактор на влијание.