-
Создадено: Петок, 26 Април 2024
Доц. д-р Душица Попова од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД одржа предавање пред средношколците од Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.
Предавањето е дел од соработката меѓу овие две институции која се одвива веќе подолго време.
Стручното предавање беше на тема „Одредување на вкупните енергетски потреби со планирање и составување на дневен оброк“, а се одржа пред средношколците од угостителско-туристичка струка, четврта година од СУГС „Лазар Танев” - Скопје.
Доц. д-р Душица Попова истакна зошто е важно да се одредат вкупните енергетски потреби и кои се придобивките од составувањето на дневниот оброк. Предавањето овозможи проширување на знаењата на учениците кои ги добиле во текот на нивното четиригодишното образование.
Исто така, учениците се запознаа и со студиските програми кои се дел од Факултетот за туризам и бизнис логистика, УГД - Штип.
Искрена благодарност до директорот на СУГС „Лазар Танев” - Скопје, проф. Небојша Вучковиќ, за соработката и поддршката на оваа активност.